ВИДЕО – Театарот во Прилеп продолжува да се распаѓа, а никој не кажува дали тој ќе се реновира

Нема одговор дали и кога ќе се реновира старата зграда на театарот во Прилеп која со децени се наоѓа во катастрофални услови и е пред распаѓање. По повод Светскиот ден на театарот градоначалникот на Прилеп и директорката на Домот за култура ги посетија актерите кои се подготвуваа за најновата претстава. Се стоплија на импровизираниот шпорет на дрва направен од метално буре, а над нив на таванот во просторијата се уште беа видливи трагите од тоа како кај електричната инсталација капело вода од последниот дожд. Од општината се прогласија за ненадлежни за оваа ситуација.

 

 

„Овој објект е во надлежност на министерството за култура и неможам јас да кажам што треба. Јас само можам да лобирам да се одобрат средства за реновирање или пак реконструкција на овој театар“, изјави Илија Јованоски, градоначалник во Прилеп.

 

Директорката истакна дека зградата ќе се одржувала, но не кажа дали и колку средства ќе се добијат во иднина.

 

„Редовно се бараат средства од Министерството за култура, од инвестициски сектор и досега имаме добиено пари за реновирање и реконструкција на фоајето, таму ја сменивме целата кровна конструкција“, истана Менче Караџоска, в.д. директор на дом за култура „Марко Цепенков“.

 

Од Општина Прилеп се пофалија дека идната година ќе се започнело со изградба на нов тетар кој биде во склоп на постојниот објект на домот за култура „Марко Цепенков“. Во постапка била промена на ДУП-от. Но никој не кажува што ќе прават актерите во вакви катастрофалните услови додека во текот на сите тие години се гради новиот театар.

 

Oд ВМРО-ДПМНЕ пак искажаа сомнеж дека Прилеп воопшто ќе добие нов театар.

 

Како што тргнала работата прилепчани ќе почекаат за нов театар. Министерството за култура по проманата на власта покажа дека има некои чудни приоритети, како со срамната програма, така и со програмата за инвестиции. Нема реализација на ветеното, нема градежни активности“, кажа Жанета Видевска, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прилеп го има еден од најдобрите ансамбли во Македонија кој има освоено безброј награди дома и во странство, тука се одржува и најпрестижниот фестивал „Војдан Чернодрински“ и навистина е срамно да има ваков тетар.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи