Прилепчанец излетал од патот, две дечиња повредени во сообраќајната несреќа

Две малолетни деца, на возраст од две и три години се тешко повредени во сообраќајна несреќа, која вчера се случила на патот Вашарејца-Бучин, пред село Трновци, битолско.

 

Несреќата се случила кога 28-годишниот возач А.А од Прилеп, изгубил контрола над возилото „Застава-128″ и излетал од патот.

 

Децата итно биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош.

 

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи