Ердоган: Аја Софија нема да биде музеј – ќе биде џамија!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека музејот Аја Софија во Истанбул повторно ќе биде претворен во џамија.

 

„Аја Софија повеќе нема да се нарекува музеј. Нејзиниот статус ќе се промени. Ќе ја нарекуваме џамија“, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во едно телевизиско обраќање, пренесува новинската агенција „Анадолија“.

 

Аја Софија била најголема црква на светот речиси илјада години, се додека не била изградена Катедралата во Севиља во 1520-та година. Од времето на завршувањето на изградбата во 537-ма година, па се до 1453-та година, служела како православна соборна црква и седиште на Вселенскиот патријарх. Потоа, била и католичка црква во периодот од 1204-та до 1261-ва година. Од 29-ти мај 1453-та година до 1931-ва година била претворена во џамија, по што потоа била секуларизирана и отворена како музеј на 1-ви февруари 1935-та година по наредба на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

 

Нејзиниот статус во Истанбул, музеј кој се наоѓа на листата на Светски културни богатства, може да се промени само со одобрение на УНЕСКО. Но Ердоган, после критиките за оваа негова одлука, порача дека тие кои што молчат кога се напаѓа џамијата Ал Акса во Ерусалим, тие „не можат да им говорат на Турците што да прават со статусот на Аја Софија“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien