Малите општини против евроскептицизмот

Проектот “Малите општини против евроскептицизмот” е спроведуван од апликантот ЛАГ Призаг Хрватска во партнерство со 8 држави од Европа,  со финансиска поддршка од програмата “Европа за граѓаните”. Цел на овој проект е да се истажи јавното мислење и да се дебатира за евроскептицизмот во малите општини и руралните средини.

 

Во текот на проектната имплементација во траење од 19 месеци, беа организирани 6 меѓународни настани.  Четири од нив беа јавни дебати во кои граѓанит еактивно ги искажаа своите мислења и ставови за Европската Унија и нејзината иднина. На настаните учество зедоа многу лица од различна националност, возраст, професионално искуство,  етничка припадност и верувања, како студенти, фармери, јавни личности, пензионери … На дебатите беа споделени позитивните и негативните ставови поврзани со членството во ЕУ, реализираните проекти и нивниот успех, предизвиците со кои се соочуваат земјите членки и земјите-кандидати за членство во ЕУ, како и интеракцијата со граѓанското општество и институциите.

 

Активното вклучување на младите беше присутно низ целиот проект. Дебатите отворија прашања за евроскептицизмот (причини, закани, грижи, добрипрактики …) со помош на граѓани, волонтери и други претставници. Проектот овоможи отворена дебата за Европа, перспективите на граѓаните и  што би сакале да се промени во иднина за зголемување на квалитетот на животот во локалната заедница.

 

Проектни активности: Во текот на проектот беа организирани 6 настани. Првиот, официјален настан – отворање на проектот, се одржа во Хрватска.  Претстојните настани беа структурирани како јавни дебати каде граѓаните ги изразуваа своите мислења за ЕУ. Првата дебата беше во Португалија, втора во Романија, третата во Македонија и  четврта во Словенија. Финалниот настан, завршната конференција на проектот, повторно се одржа во Хрватска.

 

На следните страници, ви ги презентираме активностите и информациите евидентирани за време на настаните.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи