ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Загрозена е егзистенцијата на земјоделците со празнењето на вештачкото езеро во Прилеп

На неспособноста на владеењето на СДС и нема крај. Се’ што ветија не остварија, се што допреа, испустија. Во неколку наврати во прес конференции предупредувавме за неодговорното работење поврзано со прилепското езеро. Истакнаа на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Иако истото беше испразнето, наводно за некаква смена на вентил, нашите информации говорат дека ваква смена не е направена.

 

Прашуваме, дали е променет вентилот за кој намерно беше испразнето вештачкото езеро? Доколку не е направена промена, зошто беше испразнето езерото и дали некој ќе сноси одговорност за вакво несериозно работење?

 

Колку метри кубни вода има моментално во езерото, ако се знае дека максималниот капацитет е околу 6 милиони?

 

Дали моменталната количина на вода ќе биде доволна за наводнување оваа сезона?

 

Исто така прашуваме, кој ќе сноси одговорност за уништување на рибниот фонд во ова езеро? Ако се има предвид дека не е направена смена на вентилот, дали после сезоната за наводнување повторно ќе има празнење на езерото, а со тоа ново уништување на рибниот фонд, кој најверојатно ќе заврши во некој од рестораните?

 

Почитувани, со вакво неодговорно работење пред се’ е загрозена егзистенцијата на земјоделците кои си имаат потпишано договори за наводнување. Нивната загриженост е оправдана, па така секојдневно прашуваат дали ќе има вода за наводнување, ако ситуацијата од терен говори нешто друго?

 

Дали во случај на неисполнување на обврските од договорите, некој ќе им ја надомести нив штетата? Тутунарите од Прилеп се сомневаат дека вештачката акумулација ќе се наполни до месец април, бидејќи поради замена на вентил, езерото беше целосно испразнето минатата година.

 

Според тутунарите, потенцијалната штета може да изнесува неколку милиони евра. Затоа, наместо експериментално раководење, потребно е сериозно работење во интерес на граѓаните. Токму поради тоа, оваа несериозна, неспособна власт, мора што поскоро да заврши“, додаде Петкоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien