Денес се затвора Избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево во 14 часот ќе одржи седница на која треба да го заклучи Избирачкиот список.

 

ДИК до денеска требаше да ги изврши сите промени кои произлегоа од јавниот увид во Избирачкиот список што траеше од 23 февруари до 14 март 2019 година.

 

Во тој период увид извршиле 53.972.000 граѓани. За 517 лица беше донесено решение за запишување во Избирачкиот список, за 412 е донесено решение за бришење, а промена на податоците е направена за 129 граѓани.

 

Заклучениот Избирачки список, односно изводите од списокот на кој се гласа, ДИК треба да ги потпише 15 дена пред денот на изборите, односно најдоцна до 5 април.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien