Формирано Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза е формирано овој месец како резултат на, како што наведуваат, зголемениот број новодијагностицирани лица со оваа болест во државава.

 

„Алармантната состојба на зголемениот број на новодијагностицирани лица со МС (околу 80-тина пациенти годишно) и намалувањето на старосната граница, придонесе во фокусот на нашите заложби и активности да бидат подигнување на јавната свест, едукација, афирмација на потребите и сериозен пристап во навремена дијагностика, поголема достапност на иновативни, високоефикасни лекови, ран и адекватен и современ третман следејќи ги светските насоки/водичи за МС“, наведуваат од Здружението.

 

Мултипла склероза е хронична, прогресивна, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем, каде настанува оштетување на обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, ‘рбетниот мозок и оптичките нерви, кое води до прекин на невротрансмисијата, дегенерација и траен инвалидитет.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien