ВИДЕО – Заев најави инвестициски бум од страна на грчки компании во Македонија

Првиот бран на соработка со Грција сега го очекуваме и се случува веќе, а тоа се најавите за инвестиции прво од 700 милиони евра до 1 милијарда. Се случуваат сериозни грчки инвестиции во нашата земја, се случува дополнителна можност за регионална соработка и користење на европски фондови, како што се ИПА компонентите. Ова денеска во Прилеп го истакна премиерот Зоран Заев.

 

 

„Се случува искрена размена на искуства што постои од нас и од нивна страна овде, помеѓу Република С. Македонија и Грција, но и се случува да кога имате двајца пријатели да ви се случуваат позитивни работи за кои не се надевате. Пријателството секогаш носело придобивки, но ќе се случува и за јужниот дел на нашата земја, и за југозападниот, по должината на граничниот премин со Република Грција, но јас верувам дека тоа ќе го почувствива и централна Македонија, ќе го чувствува и Скопје, северниот дел на нашата земја, односно целата нашат земја, затоа што инвестициите ќе се распространат насекаде, придобивките ќе бидат сеопфатни и верувам дека и тоа како ќе бидат еден убав импулс за развој на државата, што ќе биде од значителна помош на сите проектирани параметри да бидат и обврзани и зголемени“, истакна Заев.

 

Заев изјави дека на средбата ќе е разгледувале повеќе од 30-тина прашања од областа на економијата, енергетиката, здравството, образованието и многу други.

 

„Некои земји кои одамна ја испуштиле соработката, сега сакаат се, постои ожареност, љубов, желба од двете страни, само се отвораат прашања, дури и прашања за кои мора прво да провериме колку сме капацитетни да ги изреализираме, но секако ќе зборуваме за економија, за енергетика, култура, размена во сите области како што здравството, образованието, искуства, соработки, социјалната заштита, сето она што е важно. Веќе се номинираат и заеднички домаќинства на спортски меѓународни натпревари итн. драго ми е што ќе одржиме состаноци заедно со стопанските комори, претставници на бизнисот, затоа што сите граѓани на крајот без разлика дале се во Северна Македонија, или во Грција, очекуваат економски придобивки од овој договор и верувам дека ќе ги добијат, заради тоа што договорот носи само добро и за нашите граѓани и за граѓаните во Грција. Ова е прва официјална посета на еден премиер на Грција на Република Северна Македонија, јас сум убеден дека ќе имаме пријатно задоволство сите ние, граѓаните пред се, од оваа посета и најавите на перспективите што се отвораат веднаш после оваа посета“, додаде Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien