ВМРО-ДПМНЕ : Прилепчани на 21 април ќе му вратат на Заев за сите лаги, нереализирани ветувања, преименувањето на државата

Денеска Зоран Заев беше во посета на Прилеп кој откако СДСМ е на власт се претвори во најнебезбедниот град во Македонија. Денеска Заев беше во градот каде во изминатите две години откако неговата партија е на власт времето е застанато. Истакнаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ по повод посетата на премиерот Зоран Заев на Прилеп ја пренесуваме во целост.

 

 

„Денеска Заев дојде во градот каде царува непотизмот, каде граѓаните преживуваат како во најцрното транзициско време, каде има живот само за функционерите, директорите и пајташите од власта.

 

Денеска Зоран Заев, човекот кој пред 3 години од под Градскиот Саат во Прилеп ја најави двојазичноста во Македонија, избега од граѓаните и не помина низ градскиот плоштад да се соочи директно со нивниот гнев, револт и разочараност.

 

Наместо на средба директно со прилепчани, Заев отиде на средба со избрани поединци од бизнис секторот, а градот како никогаш порано беше под силно полициско обезбедување и целосно под блокада.

 

Затоа прашуваме, од што толку се плаши премиерот кога вели дека ужива поддршка од граѓаните? Зошто наместо со поединци не отиде на средба со специјалистите во прилепската болница за кои ветуваше 100.000 денари плата?

 

Зошто не оствари средба со наставниците и професорите во Прилеп, кои земаат и до 7.000 денари помала месечна плата од просечната?

 

Немаше храброст да ги погледне во лице ниту над 12.000 прилепски пензионери, кои наместо ветеното покачување добија намалување на пензиите.

 

Како очекува поддршка од прилепчани, кога граѓаните добија за 60% повисоки сметки за вода?

 

Како Заев очекува поддршка од прилепчани, кога капиталните инвестиции изнесуваат 20тина %, кога неговиот градоначалник Јованоски нема прст мрднато да реализира некое ветување, а единственото нешто што го прави е вработување на неговите роднини и блиски?

 

Дали Заев и Анѓушев имаат барем грам совест и жал за судбината на Еурокомпозитци, кои веќе две години ги лажат со истите изговори и ветувања?

 

Почитувани, посетата на аболицираниот криминалец Зоран Заев во Прилеп е доказ дека овие луѓе се вистински патолошки лажговци. Ветуваат се’ и сешто додека се во опозиција, а потоа бегаат од граѓаните.

 

Затоа на 21 април прилепчани ќе им вратат за ваквата арогантност, вообразеност и самобендисаност. Доаѓа казната за нереализираните ветувања, за погазувањето на националните вредности, за преименувањето на државата и двојазичноста“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien