ВИДЕО – Гасоводот Неготино-Прилеп-Битола е изграден 36%, се очекува да биде завршен идната година

Делницата на гасоводот Неготино-Прилеп-Битола е изградена 36%, а се очекува до втората половина од идната година таа да биде завршена. Ова денеска го истакнаа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за транспорт Горан Сугарески и директроот на НЕР, Бајрам Реџепи кои извршиија увиид во изградбата. Беше потенцирано тоа дека гасот е ефтин и еколошки енергенс од кој голем бенефит ќе има целата економија.

 

 

„Овој крак е само еден од сите предвидени со проектот за гасификација на нашата земја, проект за кој оваа година од буџетот се издвоени 1 милијарда и 557 милиони денари, или 1.1 милијарда денари повеќе во споредба со 2018 година. Гасификацијата е еден од највредните проекти за граѓаните и компаниите на нашата земја, што ќе доведе до намалување на трошоците за електрична енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот. Влегуваме во сезона целосно поволна за градежните и инсталациските работи и очекуваме засилена динамика во текот на целата година“, изјави Зоран Заев, Претседател на Влада.

 

„Над 90% од имотно-правните прашања веќе се решени. Веќе имаме заварено околу 33 километри цевки, имаме отворена траса од над 52 километри и отворена решена експропријација на околу 75 километри од оваа делница. И се очекува дека во втората половина од наредната година оваа делница ќе биде оперативна и наполнета со гас и ќе може да се користи“, потенцираше Бајрам Реџепи, директор на НЕР.

 

Според  министерот Сугарески во иднина се очекувало интензивирање на работите на оваа делница.

 

„Очекуваме уште поинтензивно да се работи во овој период, со цел да најбрзо ги реализираме капиталните инвестиции во овој регион, туку и да овозможиме голем бенефит на граѓаните од пелагонискиот регион. Бидејќи овој магистрален гасовод оди до градовите, потоа она што го зборувавме со градоначалникот на Прилеп, градоначалничката на Битола, сите работат на проектни документации кои треба да бидат во најбрз временски период завршени, со цел овие општини да бидат приклучени на централниот гасовод“, кажа Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

 

„Општина Прилеп се спремаше и сеуште се спрема за понатамошното реализирање на овој проект за гасификација на Прилеп. Имено, Советот на Општина Прилеп оформи јавно претпријатие „Енерго Прилеп, со „Нискоградба“, за да се реализира овој голем и надежен проект кој сите го очекуваме. За оваа година од буџетот издвоивме 5 милиони денари, токму за проектната документација за секундарната гасификациона мрежа. Таа една постапка и мислам дека во наредните 6 месеци тоа ќе биде завршено“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Но иако гасот можеби за една година ќе стигне во близина на Прилеп и Битола неговото искористување од граѓаните на овие населени места се очекува да се случи дури за неколку години бидејќи нема ниту проектна документација за тоа, а камоли пак изградена гасоводна мрежа.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи