Изгореа 20 хектари борова шума и нискостеблеста вегетација кај прилепското село Полчиште

Вчера околу 13.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Старавина“ било пријавено дека настанал пожар во правец на село Полчиште, прилепско, во кој била опожарена нискостеблеста вегетација, густа трева и околу 20 хектари борова шума.

 

Биле известени Територијалната противпожарна единица-Прилеп и Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien