НАСА ќе ги истражува пештерите под површината на Месечината

Американската вселенска агенција планира да испрати ровер за екстремни терени за да ги истражува таинствените пештери кои се наоѓаат под површината на Месечината. Примарната цел на мисијата на НАСА е истражување на минатото на Месечината.

 

Пештерите би можеле да послужат како готови живеалишта за идните мисии со човечки екипаж, како засолништа на астронаутите и заштита од екстремните температури, зрачењето и астероидите кои влијаат на површината на Месечината.

 

Токму затоа е создаден роверот Moon Diver, тој ќе собира информации за пештерите и ќе ја анализира нивната внатрешност. Помал ровер наречен Axel ќе има мисија да се приближи до поголемите кратери на Месечината.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien