Прилепчанецот Александар Стојкоски незапирлив, повторно прв на „Водно-Матка Треил Маратон”

Припчанецот Александар Стојкоски и оваа година беше победник на второто издание на „Водно-Матка Треил Маратон” на кој учествуваа 400 тркачи од 20 држави. Оваа трка во планинско трчање се одржува по втор пат, а лани исто така прв на целта приистигна Стојкоски.

 

„Имаше 2 трки, едната долга 26 км со 1.650 метрии висинско иискачување илии полумаратон, а другата беше долга 42 км. со 3.100 метри висинско искачување или маратон. Јас трчав на 42 км. Трката се одржува втора година и две години по ред победник сум јас. Лани победив со време од 4 часа и 47 минути, а годинава со време од 4 часа и 42 минути, но  треба да се напомене тоа дека годинава трката беше подолга за 3 км.“, истакна Стојкоски.

 

Маратонската трка на која учествуваа 108 учесници минуваше низ најинтересните и атрактивни делови на Водно и Матка, повеќе културно-историски споменици и природни убавини на скопскиот регион. Од стартуваните учесници, 102 успеаја да ја финишираат во временскиот лимит од 11 часа.

 

 

Второ и третопласирани во маратонот завршија Аслан Елези од Косово – 5:19:51, а трет Виган Хоџа 6:14:37.

 

Во женска конкуренција најбрза беше Сања Најдовски со време од 6:42:26, втора беше Бугарката Теодора Захариева 6:51:28, а на трето место заврши Катерина Шиповиќ со време од 7:27:12.

 

На полумаратонската трка стартуваа 268 тркачи од кои 261 успеаја да влезат во финиш во предвидените 7 часа. Најбрз на оваа трка беше Марјан Бонев со време од 2:29:11, втор беше Никола Илиевски – 2:37:53, а трет Љубомир Тодоров од Бугарија – 2:40:30.

 

Во женска конкуренција прва беше Србинката Марија Ѓорѓевиќ 3:28:08, втора Бат-Шеба Ван Дер Берг од Холандија со време од 3:31:13, a на трето место заврши Ивана Пекевска со време од 3:37:49.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien