Русите измислија дрон-пушка

Компанијата „Алмаз Антеј“ која ги произведува ракетите за противвоздушниот систем С-400, претстави нов вид на дрон, кој всушност претставува еден вид пушка со крила.

 

Станува збор за мал дрон чија намена е да елиминира помали непријателски летала. Неговиот развој почнал во 2016 година, а конструиран е од страна на група студенти од Институтот за авијација во Москва. Според веб-страницата Defence.ru, студентите конструирале механизам за стабилизирање кој овозможува подобрена прецизност кај леталото. Рускиот производител на оружје „Алмаз-Антеј“ потоа го патентирал дизајнот и направил прототип.

 

Дронот е опремен со полуавтоматска пушка Вепр-12, а со неа се управува со помош на визир кој го носи корисникот кој управува со леталото. Истото полетува вертикално и може да остане во воздух до 40 минути, а е дизајнирано за оневозможување на непријателските беспилотни летала.

 

Како сето тоа функционира може да се види во видеото кое прикажува како дронот уништува балон и авион на далечинско управување.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien