Првиот трејлер за „Chernobyl“ – нова серија за нуклеарната катастрофа

Објавен е првиот трејлер за мини серијата „Chernobyl“ која ја оживува драматичната историска приказна за нуклеарната несреќа од 1986 година. Дејството ги следи настаните пред и по најголемата еколошка катастрофа од поново време.

 

Несреќата се случи во април, 1986 година, а беше предизвикана кога повеќе од 200 тони ураниум експлодира во реакторот. Постојат две верзии за причините на катастрофата. Првата е дека станува збор за грешка на операторот, а втората е дека причина за несреќата се грешки во дизајнот на самиот реактор. Бројот на жртви ниту денес не е познат, а последиците сè уште се чувствуваат.

 

Во серијата на HBO главните улоги ги имаат Џеред Харис, Емили Вотсон и Стелан Скарсгард. Првиот дел премиерно ќе биде прикажан на 6 мај, а серијата има 5 делови.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien