ВИДЕО – Стерјоска Локвенец : Здравството во Македонија е во колапс, не исполнивте ништо што ветувавте

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп како дел од претседателската кампања реализира акција која се состои од мерење на крвен притиисок и делење на совети за рано препознавање на високиот крвен притисок кај нашите граѓани. Исто така сакаме да ги констатираме уште еднаш предизборните лаги кои ги ветуваше СДСМ, истакна Ирена Стерјоска Локвенец, претседател на Унија на Жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Ветувате бесплатно јавно здравство за сите, но она што го следиме во изминативе денови е само најава за една нова бизнис зделка која треба да ја реализирате преку приватиизација на целото здравство со моделот на јавно-приватно партнерство.

 

Прашуваме која е цената која пациентите треба да ја платат за оваа неправилна одлука? Прашуваме и потсетуваме каде е платата од 100.000 денари за лекарите? Каде се инвестициите во прилепската болница? Каде се потребните специјализации за нашата болница? Капитациониот бод за стоматолозите и лекарите кои го ветувавте и од тоа нема ништо.

 

Со еден збор здравството во Македонија е колапс!

 

По се изгледа за вистинска реформа во здравството ќе треба да почекаме ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот кандидат за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Дафкова, да издвојувата убедлива победа на овие избори што ќе значи и барање за нови предвремени парламентарни избори.

 

Одлуката е ваша. Дали ќе продолжите да им верувате на лагите на оваа СДСМ „ЌЕ“ Влада или ќе одлучите дека е дојден моментот да го дадете гласот за правдината за Македонија затоа што Татковината не повикува, од Вас зависи.

 

Да гласаме за бројот 2, да гласаме за професорката Гордана Силјановска Дафкова за иден претседател на Македонија“, истакна Стерјоска Локвенец.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи