Која е вистината за неинтонирањето на националната химна?

Facebook
Twitter
Email
Print

Беше ли амблемот со „Република Македонија“ на униформите на воениот оркестар причина за да се откаже интонирањето на националната химна при пречекот на грчкиот премиер во вторникот?

 

Премиерот Зоран Заев синоќа во интервју инсистираше дека химната, како и други делови од церемонијата биле откажани во недостиг на време.

 

„Поради тоа што доцнеше авионот. Скративме голем дел од оние официјалности кои што беа и впрочем гледате, направивме едно убаво селфи, претставување на делегациите и слично. Дури скративме и двајца министри кои дискутираа, еден од наша страна, еден од грчка, за строго да ги средиме протоколите и квалитативноста на самиот настан за билатералните средби да добијат стварно на значење во неопходно време. Имаше многу работи важни на тет а тет средбата, на меѓувладината седница, на форумот со бизнисмените. Само се трудевме да стигнеме“,рече Заев.

 

На прашање на новинарот дали тоа што оркестарот има Република Македонија на ракавите е една од причините поради кои не е свирена химната, премиерот не ја отфрли таа можност.

 

„Значи може да постои таква причина или било што. Ние знаеме секој пат да се коригираме, можеше да се сошие или слично. Еве оркестрите заедно ќе бидат и таквите делови ќе бидат поклопени затоа што Уставот е јасен, каде што е „Република Македонија“ треба да биде „Република Северна Македонија“, рече Заев.

 

Од Генералштабот на АРМ велат дека оркестарот на АРМ вторникот биле подготвени за изведба на химната, за причини зошто е откажан тој дел од церемонијата упатија на одговори кај Владата како организатор на настанот.

 

Според протоколот за пречек на високи државници во официјална посета на државава, воениот оркестар како и гардата се дел од церемонијата. Професорката Мирјана Најчевска вчера во „Само вистина“ оцени дека доколку се работи за технички пропуст тогаш е срамно тоа што не е интонирана химната.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи