Столтенберг: Република Северна Македонија наскоро станува 30-та членка на НАТО

Facebook
Twitter
Email
Print

Република Северна Македонија наскоро станува 30-та членка на НАТО. Ова на американските конгресмени им го соопшти Јенс Столтенберг, во прво обраќање на еден генерален секретар на Алијансата во конгресот на САД, а по повод 70 години од формирањето на воениот сојуз.

 

Во Вашингтон се одржува состанокот на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, на кој прв пат учествува и Македонија, во својство на „поканета земја”. Шефот на дипломатијата Никола Димитров се сретнал со американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој ја пренел силната заложба на САД за приклучување на Македонија во НАТО до крајот на годинава.

 

Ратификацијата на протоколот за членство на земјава во НАТО денеска помина во полскиот и во словачкиот парламент.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи