ВИДЕО – Богоески : Попоски вчера имаше земено слободен ден затоа држеше прес, ВМРО-ДПМНЕ 10 години наназад го уништи здравството

Не е СДСМ виновникот за катастрофата во здравството. Наназад 10 години и повеќе ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и ВМРО-ДПМНЕ го раководеше здравствениот систем на Република Македонија, не можи да се направи катастрофа за 2 години. Можи да се создаде за 10 години наназад неквалитетно управување со здравството. Не можи да се створи специјалист за 2 години, можи за 6 и повеќе. Имаа простор 10 години наназад не 1 туку 100 специјалисти да направат. Истакна на денешната прес конференција Драган Богоески, директор на општа болнициа Прилеп, која доаѓа како одговор на одржаната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Во време на Петар Ристески, да, беше направено реновирање на одделенијата во болница Прилеп, но некомплетно. Снема пари, заврши до кај што заврши реновирањето, а требаше да продолжи и на други делови, ама снема пари, а беа предвидени да се реновира комплет општа болница Прилеп, не неколку одделенија, туку комплет, ама ги снема парите и не знаеме каде.

 

Има набавено за време на Петар Ристески и пред тоа 2 ехо апарати, апарат за анестезија претходно е набавен, мобилен рентген апарат не сум сигурен дали е набавено за време на владеењето на Петар Ристески. Но во време на година и половина не можам да ви набројам што се е досега набавено. Опрема за сите одделенија по барање на раководителите, она што им било неопходно.

 

Не обвинуваат дека не сме поставувале раководители или шефови на одделенија ако биле членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, а тие ги поставиле. Не е точно. Во време на Петар Ристески докторката Моника Грашеска е поставена за раководител бидејќи немаше кој друг, мораше неа да ја постават, немаше други. Сашо Пирганоски и Илија Јованоски не беа ништо кога беше Петар Ристески раководител на болницата, не беа ниту шефови, ниту началници, ниту нешто друго. Сега, докторот Петар Карески, симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ е началник на ортопедско одделение, во лабораторија раководителот не е од СДСМ, во интерно одделение раководителот не е од СДСМ.

 

Сме поништиле донесени одлуки за специјализација. Еден колега кој требало да праша зошто е тоа така, Фиданчо Николоски, објавил на Фејсбук дека му е поништена одлуката за специјализација. Точно е дека му е поништена, бидејќи таа специјализација му е доделена во 2018 година и не можи да се реализира, од причини што ги наведов. Ги нема во планот и програмата за специјализација што во времето на ВМРО-ДПМНЕ ја донесле за 2018 за болница Прилеп. Дел потребни, дел непотребни специјализации. Ние оценивме дека одреден дел на специјализации кои ни се најитни треба да ги дадеме на докторите кои беа од ВМРО-ДПМНЕ вработени. Им дадовме специјализација, иако се од ВМРО-ДПМНЕ. Тие не ги примаа нашите симпатизери, ги пуштија да бегаат во Германија, не ги примаа бидејќи не биле партиски подобни. Им дадовме специјализација на сите што беа претходно вработени од ВМРО-ДПМНЕ, но не можеа да се реализираат. Моравме да ги поништиме тие одлуки, за да им доделиме нови специјализации за 2019 година. Ќе одат на специјализација, нека не се секираат. Не е битно од каде е докторот, дали ВМРО, или СДСМ, битно е дека нас ни требаат доктори. Воопшто не ме интересира партиската припадност. Ако така одиме уште 100 други ќе заминат надвор од државава и ќе останеме без доктори.

 

Филип Попоски е вработен со договор на дело во болницата Прилеп, од причини што ние имаме само еден правник, а има обврски во делот на правна служба многу, за договори, за решенија, што моментално едниот правник не можи да одговори на тие барања. Затоа е земен Филип Попоски со договор на дело да работи. Во однос на тоа дека држел прес конференција за време на работен ден, не е точно. Јас покажав молба дека бара слободен ден поради приватни обврски, не мора да прашувам за што и оправдано е неговото отсуство за денот кога вршел прес.

 

СДСМ одсекогаш настојува држвата да ја извлече од калта, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја тоне во кал. Имавме пред 2006 година кандидат за членство на НАТО, на ЕУ. Ја пропаднаа, за 10 години не вратија под земја. Сега повторно пробуваме да се приклучиме кон НАТО и ЕУ. Сите тие од ВМРО велат дека сакаме да влезиме во НАТО и ЕУ, но не е точно. Не сакаат да влезат бидејќи сакаат да владеа со државата по нивни терк, а не по терк на НАТО и ЕУ“, рече Богоески.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи