ВИДЕО-ВМРО-ДПМНЕ : Кети Смилеска со комичен настап со кој се потценува интелигенцијата на граѓаните

Продолжуваат комичните настапи на функционерите од СДСМ. Денеска пратеничката Кети Смилеска од центарот на градот имаше нов таков настап, кој повеќе наликува на стенд ап шоу, отколку на доловување на вистината и моменталната состојба во која се наоѓаат Прилеп и прилепчани. Се вели во писмената реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на прес конференцијата на пратеничката од СДСМ, Кети Смилеска.

 

 

 

Писмената реакција ја пренесуваме во целост.

 

„Вакво потценување на интелигенцијата на граѓаните и погазување на нивниот разум, не е видено во целата историја на Македонија. Замислете, како тоа во 2018 година имало 625 милиони евра странски директни инвестиции, а никој тоа не го знае?

 

Како тоа платите рекордно пораснале на 26.000 денари, а владее невидена сиромаштија?

 

Како тоа младите повеќе не се исселувале, а градот ни се испразни?

 

Почитувана пратеничке Кети Смилеска, 

Во изминатите две години откако ја презедовте власта на централно и локално ниво, вие го запустивте Прилеп. Ваков непотизам, безредие, небезбедност, досега не е видено. Градот е вистинска каубојска средина каде царува криминалот и корупцијата.

На прилепчани им ветувавте се’ и сешто, а од вас добија само ароганција, лицемерие и ниту еден капитален проект.

 

Единствената инвестиција која ја донесовте во Прилеп е фабрика за масло од марихуана.

 

Им ги покачивте сметките за вода за 60%, на 12.000 прилепски пензионери им ги намаливте пензиите, укинавте додаток за трето дете, со повисоките даноци уште повеќе го урнисавте стопанството…

 

Од вашите “политики” и “реформи” се задоволни само вашите роднини, пријатели и сватови, а од друга страна прилепчани туркаат и преживуваат од ден за ден.

 

Прилепчани не ве гласаа за да им донесете двојазичност и да им го погазите вековниот револуционерен дух преку промената на државното име и идентитет.

 

Вакви празни зборови и смешни настапи повеќе не поминуваат. Вие сте прочитана книга која на Прилеп и Македонија повеќе не смее да им се повтори.
Доаѓа крајот и самите сте свесни за тоа! Барем бидете доблесни и престанете да си поигрувате со вашите сограѓани“, се вели во писмената реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи