ВИДЕО – Крводарителска акција во Прилеп по повод Денот на НАТО

По повод Денот на НАТО, Министерството за одбрана и Армијата во соработка со Црвениот крст организираа крводарителска акција.

 

 

„Давам крв по 45-ти пат. Одлуката за да дарувам крв ми е од хумани причини. Да им се помогне на оние на кои им е најпотребна. Започнав да давам крв на 18 години како средношколец и од тогаш па се до денес, еве наполнив 38 години, давам крв постојано и така планирам и да продолжам“, рече Давор Тримчески, крводарител.

 

„Давам крв по 25-ти пат. И јас за прв пат започнав да давам во средно училиште. Што повеќе даваме крв тоа подобро, ќе се спасат повеќе човечки животи“, вели Марјанчо Петрески, крводарител.

 

„Собрании се 50-тина единици на крв, досега одзивот е одличен. Се надеваме дека таков ќе биде и до завршувањето на акцијата која ја организираат Институтот за трансфузиона мецицина, АРМ и локалниот Црвен крст во Прилеп“, изјави д-р Бојан Тодороски, Институт за трансфузиона мецицина Скопје.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи