ВИДЕО – Митрополит Петар : Единствен пат до признавањето на МПЦ е преку Цариград

Синодот на МПЦ не е известен за тоа што се разговарало на средбата помеѓу македонскиот амбасадор во Турција, Звонко Муцунски и Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во седиштето на патријаршијата во Цариград на 27-ми минатиот месец. За таа средба дознале од медиумите. Ова денеска во Прилеп го изјави Митрополитот Преспанко Пелагониски Петар кој истакна дека воопшто не им се познати темите за кои се разговарало на оваа средба и дека тие како црква се уште немале никаков знак од Цариград за започнувањето на официјални преговори за добивање на афткофеланост на нашата црква.

 

 

Знаете дека имавме испратено едно писмо до Вселенската Патријаршија и до Вселенскиот Патријарх и чекаме натаму одговор. Најверојатно ќе ни биде одговорено кога ќе се создадат условите, можностите и приликите за да се започнат официјални разговори, затоа што овие разговори кои ги имавме досега беа неофицијални“, истакна Митрополитот Преспанско Пелагониски, Петар.

 

Според владиката Петар посетата на премиерот Ципрас и политичкото приближување на двете земји бии можело да го забрза процесот на добивање на Томос од Фанар.

 

„Секако дека може да придонесат за признавањето, ние знаевме и кажав јас своевремено дека решавањето на проблемот со името на нашата држава, односно она што беше проблем на Грците е проблем исто така за односите на МПЦ со другите помесни православнии цркви, особено со Вселенската патријаршија и црквите од јазичното грчко подрачје“, додаде Владиката Петар.

 

Владиката Петар остана на ставот дека признавањето на МПЦ може да дојде единствено од Цариград, а не преку некоја друга православна црква.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien