„Амазон“ ќе лансира 3.000 сателите за создавање на нова интернет мрежа

Во наредните неколку години „Амазон“ планира да лансира 3.000 сателити во ниската орбита на Земјата за да создаде нова широкопојасна интернет-мрежа во целиот свет. Поточно, сака да создаде „вселенски“ интернет што ќе биде достапен за сите, без оглед на тоа каде се наоѓаат на Земјата, а чија брзина ќе биде како онаа што се реализира со оптички кабли.

 

Својот „Проект Куипер“ го пријавиле во Обединетите нации, односно нивната Меѓународна телекомуникациска унија.

 

„Проектот „Куипер“ е нова иницијатива за обезбедување нисколатентен, брз широкопојасен интернет за незаштитените и недоволно застапените заедници во светот“, изјави портпаролот на „Амазон“.

 

„Ова е долгорочен проект што предвидува да им служи на десетици милиони луѓе кои немаат доволен пристап до широкопојасен интернет. Со нетрпение очекуваме да се здружиме со компании што ја делат оваа заедничка визија“, додаде тој.

 

Предлогот на „Амазон“ е за мрежа од 3.236 сателити. Изградбата, пуштањето и работењето на сателитите ќе бара голем капитал, најверојатно милијарда долари.

 

 

Но, „Амазон“ не е единствена компанија што сака да го „освои“ небото со својата мрежа. И Илон Маск сака да создаде мрежа на сателити што би овозможувала услуга на широкопојасен интернет. Неговиот „Спејс Екс“ минатата година лансира два сателита, што би требало да биде зачеток на мрежата „Старлинк“, во која се планирани 4.425 сателити.

 

Уште во 2015 година Марк Закерберг го претстави својот план тежок милијарда долари кој вклучува мрежа од сателити што би обезбедиле широкопојасен интернет во Африка и во други сиромашни подрачја на Земјата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи