Луксузните лустери од „Белата палата“ донирани во црква

Facebook
Twitter
Email
Print

Луксузните лустерите од таваните на „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ завршија во црква, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги подарил како донација во црквата Свети Никола во село Љубанци.

 

Оваа информација на својот фејсбук профил ја сподели Јохан Тарчулоски, еден од амнестираните за настаните од 27 април.

 

Тарчуловски изрази благодарност до лидерот на опозициската партија и напиша дека е благодарен што лустерите кои биле означени како луксуз се подаруваат.

 

Но објектот на партиското седиште Скопскиот кривичен суд го замрзна лани во ноември на барање на Специјалното јавно обвинителство, па така партијата како правно лице не може да го отуѓува, става под хипотека и располага со давање под закуп недвжниот имот.

 

Од СЈО појаснуваат дека попис на мебелот во зградата не е направен, туку е замрзнат самиот објект. Но ако има правосилна пресуда и утврдена штета која не би се наплатила само од зградата, можно е да се направи поврат на изнесениот мебел.

 

Партиското седиште е опфатено во вториот дел од случајот Талир кој се однесува на незаконската изградба на седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Случајот „Талир 2“ се наоѓа во постапка на оценка на обвинителниот акт.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи