Со средства од Јапонската амбасада подобрени условите во ОУ „Добре Јованоски“

Со средства обезбедени од Јапонска амбасада  преку GGP програмата, во висина од околу 50.000 евра, реализиран е проект за подобрување на училишната средина во ОУ „Добре Јованоски“, при што е извршена промена на прозорците и вратите во училиштето и пренаменет е дел од училишниот простор во советувалиште за родителите и деца со посебни образовни потреби.

 

Во своето поздравно обраќање пред присутните претставници од општествениот живот и вработени во основното училиште „Добре Јованоски“ градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски го честиташе Меѓународниот ден на Ромите, истакнувајќи дека Општина Прилеп максимално се залага за инкорпорирањена ромската заедница во сите сегменти на општественото живеење, притоа почитувајќи и помагајќи го развојот и негувањето на ромската култура и традиција.

 

„Општина Прилеп и во иднина ќе делува на полето на инклузија на ромската заедница во сите сфери од нашето живеење. Денес сакам да го искажам моето огромно задоволство во однос на посетата на Јапонската амбасадорка Н.Е. Г-ѓа Кеико Хенда, која по трет пат е во посета на нашиот град и да се заблагодарам зареализацијата на проектот во чии рамки беше предвидено рехабилитација на објектот на оваа образовна институција. Проектот е финансиран од Јапонската Влада преку GGP програмата во вредност од  околу 50.000 евра. Се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, и ова нема да биде единствен проекткој се реализирал во нашиот град со поддршка на Јапонската амбасада“, рече градоначалникот Јованоски.

 

Реализацијата на овој проект ќе значи поголема енергетска ефикасност на објектот и подобри услови за изведување на наставата.

 

„Чест и задоволство ми е што сум во посета на Прилеп по повод реализацијата на овој проект. Среќна сум што оваа прослава коинцидира со одбележувањето на  Меѓународниот ден на Ромите и ја имаме можноста да го одбележиме заедно. Оваа година исто така се прославува 25 годишнината од  пријателство помеѓу нашите земји. Вашето училиште е 66 училиште кое е рехабилитирано од повеќе од 100 успешно завршени проекти од грант програмата за мали проекти“, истакна Н.Е. Г-ѓа Кеико Хенда, амбасадор на Јапонија во Северна Република Македонија.

 

Во ова основното училиште настава посетуваат 1226 ученици, од кои 976 се од ромска националност, истакна директорката на ОУ „Добре Јованоски“, Сузана Дарковска.

 

Денешната посета на Прилеп, амбасадорката на Јапонија Н.Е. Г-ѓа Кеико Хенда ја започна со работна средба со градоначалникот Јованоски,  каде стана збор за зацврстување на  соработката и градење на добри односи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи