„Vatican News“ го додаде македонскиот јазик како 34-ти на својата веб-страница

Точно еден месец пред официјалната посета на папата Франциск на Република Северна Македонија, закажана за 7 мај, „Vatican News“ го додаде македонскиот јазик на својата веб-страница како 34-ти јазик достапен на страниците на овој портал, наведе изданието.

 

Католиците кои живеат во Република Северна Македонија на овој сајт ќе можат да најдат вести за папата Франциск, за Ватикан и за католичката црквa ширум светот на нивниот македонски јазик, како етнички Македонци кои живеат во дијаспората.

 

Порталот наведува дека во Северна Македонија живеат околу 20 илјади католици. Во новиот сајт на македонски јазик на порталот ќе работат четворица Македонци, а ќе се грижи за пораките на папата, благодарение на договорот меѓу Одделот за комуникации (Vatican Dicastery for Communikation) и локалнaтa црква.

 

Скопскиот бискуп Киро Стојанов наведе дека присуството на „Vatican News“ е „првиот плод од апостолската посета на папата Франциск на 7 мај“.

 

Македонскиот јазик веќе беше присутен на веб-сајтот на Ватиканското радио, пред да премине во порталот „Vatican News“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien