Попладне невреме со поројни дождови во цела држава

Управата за хидрометеоролошки работи објави предупредување во кое се истакнува дека денеска попладне и преку ноќта земјава ќе биде зафатена од влажен бран кој ќе предизвика услови за поројни дождови и засилен ветер.

 

Процесите ќе бидат најпрвин изразени во западните делови на Македонија, а во вечерните часови ќе се пренесуваат и кон исток. Локално е можна појава на невреме со засилен ветер и грмежи.

 

Пообилни врнежи се очекуваат од петок попладне, во текот на ноќта и во сабота, кога ќе има пад на дневната температура. Утринската температури ќе се движи од два до десет, а дневната од 11 до 22 степена.

 

Како што информира УХМР, под влијание на нестабилна воздушна маса од Медитеранот, во Македонија продолжува периодот на променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien