Украле 200 литри нафта од булдожерот кој пробивал пат во снегот кон Галичник

200 литри нафта биле украдени од булдожерот кој пробивал пат низ снегот од Маврово кон Галичник. Во снегот е направен тунел, но работата застанала на пола пат поради кражбата. Фотографиите се објавени на ФБ профилот на месната заедница Галичник.

 

„Ноќеска беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен системот за довод на гориво на булдожерот. Случајот е пријавен во ПС Маврово и направени се увид и записник за настанатата штета. Механизацијата е ангажирана од Македонија пат и Јавно претпријатие за државни патишта“, велат од МЗ Галичник.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien