Одобрени средства за изградба на патот Борино – Житоше

На вчерашната 129-та седница (10.04.2019) на Владата на Република Северна Македонија Владата одобри средства за финансирање на проекти за развој на планските региони меѓу кои спаѓа и патот од с. Борино кон с. Житоше.

 

Финансирањето на проектот доаѓа на предлог на Министерството за локална самоуправа, на претходна апликација на општина Долнени, а истиот ќе го имплементира општина Крушево во соработка со општина Долнени преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

 

„На предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата на РСМ денеска донесе Одлуката за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони за 2019 година во вкупен износ од 288.746.849,00 денари.“, стои во соопштението на Владата од последната седница.

 

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изразува особена благодарност до општина Долнени за соработката и нивниот придонес во реализацијата на проектот, како и до Министерот за локална самоуправа, но и потенцира дека заеднички интерес на двете општини е заеднички да се решаваат горливите проблеми на граѓаните.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи