Изложба на цртежи од конкурсот на тема „Маркови Кули – предизвик за сите нас“

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска беше отворена изложба на цртежи од наградниот конкурс кој го распиша Општина Прилеп на тема „Маркови Кули – предизвик за сите нас“. Конкурост е во склоп на проектот „Маркови Кули – заштита и делување“, кој е дел од Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од ЕУ, а спроведена од УНДП.

 

На изложбата беа поставени 123 цртежи изработени од учениците од основните и средните училишта во Прилеп.  Избор на четиричлената комисија за првото место беше цртежот на Илина Смугреска од Гимназијата „Мирче Ацев“. Второ место беше ликовната творба на Матеј Зарески, ученик во Гимназијата „Мирче Ацев“, а како трето наградена беше Лејла Јаховиќ од основното училиште „Пере Точев“ од Дупјачани. Конкурсот кој на 15 март оваа година го објави Општина Прилеп и траеше до 10 април имаше за цел мотивирање и активно вклучување на младите како дел од локалната заедница.

 

„Изложбата на дела на учениците од нашиот град во функција на изработка на лого за комплексот Маркови Кули, претставува почеток на заокружување на завршната фаза на вреднување на овој проект кој е финансиран од ЕУ, а го спроведува УНДП. Овој проект има за цел подобрување на методологијата за управување со заштитените подрачја во кој издвоено место има локалитетот Маркови Кули. Ова е почеток на завршната фаза за изработка на план за управување со Марковите Кули , по што би следела постапка за ревалоризација на просторната целина како мешовито добро со природни и културни вредности, на што би се надоврзала завршната, оперативна фаза со превземање на активности околу осветлување на Марковите Кули, санирање на пристапниот пат,  поставување на информативни табли и видиковци. Партиципацијата на младите во оваа фаза е особено значајна бидејќи се добиваат почетни идеи и визуелизација на еден простор кој тие непосредно го доживуваат за разлика од нас возрасните. Секако дека избраното решение допонително ќе се обработува се со цел добивање на графичко решение“, истакна Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура.

 

На изложбата беа доделени благодарници и книги на сите учесници како и благодарница за поддршка на асоцијацијата „Ластовица“ и градинката „Наша Иднина“ која ја збогати оваа поставка со 67 цртежи изработени од најмладите. Исто така награди беа обезбедени и за првонаградениот gopro камера и bluetooth звучници за второто и третото место.

 

Како нареден  чекор  во рамките на спроведувањето на проектот „Маркови Кули – заштита и делување“ предвидено е да се постави видео мониторинг и осветлување на дел од локалитетот, согласно нормите за заштите со цел да не се влијае инвазивно и да се нарушува биодиверзитетот на локалитетот. Поставување на инфо –Точка на потегот  „Кај слонот“ за потребите на посетителите и туристите, реконструкција на дел од  постоечкиот пат со цел да се спречи ерозија,  поставување на видиковци за панорамски разгледувања, информативни табли  и патокази за значајните локации.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien