Мачкино село – уникатна туристичка атракција

Хоутонг, село кое некогаш важело за една од најважните рударски заедници на Тајван, денес е познато како Мачкино село. Стотици мачки од различни видови слободно лутаат по ова мало место, а љубителите на овие животни доаѓаат од целиот свет да ги фотографираат, хранат и да си играат со нив.

 

 

 

На почетокот на 20-тиот век селото Хоутонг било најголемиот и технолошки најнапреден рударски центар на Тајван. Меѓутоа, во моментот кога електричната енергија и нафтата го замениле јагленот, илјадници работници останале без работа, а во потрага за работа и подобар живот го напуштиле ова место. Бројот на жители од 6.000 се намалил на неколку стотини, а селото набрзо станало заборавено.

 

 

 

Се се променило во 2010-та година, кога еден фотограф, инаку љубител на мачки, почнал да пишува блогови за растечката популација на мачки во ова село. Набрзо потоа Хоутонг станал рај за љубителите на мачки, а кои станале извор за приходи за мештаните. Хоутонг секоја година го посетуваат дури милион туристи, а за да ја покажат својата благодарност, локалните мештани ја преземале грижата за мачките.

 

 

Тажната страна на оваа приказна се луѓето кои сакаат да ги напуштат своите миленици, па едноставно ги носат во Хоутонг претпоставувајќи дека за нив ќе се погрижат мештаните. Дирекцијата за заштита на животни и здравствена инспекција Нов Тајпеј проценила дека селото Хоутонг е дом на околу 286 мачки, а поради се поголемиот број на овие животни, волонтерите одвај успеваат сите да ги прегледаат и вакцинираат.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien