ВИДЕО – Најголемиот авион на светот, со распон на крилата од 117 метри, успешно го заврши првиот лет

Авионот со најголем распон на крилата во светот успешно го заврши својот прв лет, објави американската авиокомпанија Стратоланч. Ова летало има два трупа и распон на крилата од 117 метри.

 

 

Летал два и пол часа над пустината Мохаве во Калифорнија, на висина од 5 километри при што извел повеќе маневри, вклучително и симулирано слетување.

 

„Каков сјаен прв лет“, изјави извршниот директор на Стратоланч Џејн Флојд.

 

Стратоланч во 2011 година го основаше коосновачот на Мајкрософт, Пол Ален. Целта на компанијата е овозможување на поефтин пристап до земјината орбита за лансирање сателити во вселената од авион наместо од земја.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien