ВИДЕО – Еурокомпозитовци утре заминуваат на протест со шатори пред Влада, бараат државата под итно да донесе нов закон за нив

Поранешните вработени во државната компанија „Еурокомпозит“ кои заминаа како технолошки вишок утре ќе одат на протести пред Влада во Скопје. Обвинуваат дека 2 години биле манипулирани и лажени од страна на Владата. Имаат добиено по само 30.000 денари отпремнина од вкупната сума од 90.000 денари, а си ги бараат и заостанатите 17 плати и придонесите кои не им се платени од 2012 година. Обвинуваат дека никој не сака да им помогне, па дури ни градоначалникот.

 

 

„Никој вчера не нии се јави, ние баравме средба со градоначалникот, тој ни велеше дека иимал некој состанок во 12.30 часот, после тоа не ни се јави. А минатиот пат кога дојдоа тука премиерот и вицепремиерот тој го искрши телефонот од звонење и тоа во петок попладне, за да ни обезбедел средва со Анѓушев и Заев за да не сме оделе Скопје на протести. Тогаш можеше да се јавува, а сега кога ние го бараме не се јавува. Значи и тој е поврзан со нив, групно се поврзани, лажат и до каде ќе оди ова сето не знаеме. Како што најавивме утре заминуваме за Скопје и дури не се реши проблемот не заминуваме, ќе спиеме таму. Ако треба нека не креваат со полиција кога ќе доаѓаат гости, но ние не си заминуваме додека не се реши проблемот“, истакна Жарко Талески, поранешен вработен во „Еурокомпозит“.

 

Бараат државата под итно да донесе закон за претворање на побарувањата по основ на јавни давачки во траен влог, а после тоа државата да си наплатела од продажбата на компанијата.

 

„Да го потсетиме премиерот дека јавно од говорница во Собранието во јануари вети дека ако до крајот не месец февруари не се најде купувач за Еурокомпозит, Владата ќе донесела закон и со 3 милиони евра од буџетот ќе се обештетеле вработените. Еве сега прилика да го исполни ветеното. Го повикуваме и градоначалникот на Прилеп заедно со пратениците и од позицијата и од опозицијата да придонесат овој повеќегодишен проблем да се разреши“, рече Пеце Вењаноски, поранешен вработен во „Еурокомпозит“.

 

Денеска се сретнале и со директорот на компанијата ,но не добиле никакво конкретно ветување.

 

„Ги повтори истите ветувања кога имавме средба со вицепремиерот и премиерот, но знаеме дека си купуваат предизборен молк. Ни беше ветено дека до петок ќе добиеме некоја отпремнина, од тој договорот што го спомнаа со некој странски партнер, меѓутоа знаеме дека сето тоа паѓа во вода“, кажа Цветан Бунтески, поранешен вработен во „Еурокомпозит“.

 

За решавање на проблемот екс вработените во „Еурокомпозит“ бараат и поддршка од градоначалникот на Прилеп и пратениците од Прилеп и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку тие не ја прифатија последната понудата од вицепремиерот Анѓушев да заминат во активен стечај и да добијат само 20% од вкупните побарувања на придонесите од продажбата на фирмата на инвеститор, кој според Анѓушев веќе бил најден.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien