Ученици од Битола сечеле вени поради опасните игри „Момо“ и „Синиот кит“

Facebook
Twitter
Email
Print

Опасните интернет игри „Момо“ и „Синиот Кит“ имале влијание и во Македонија, па за жал основци си ги пресекле вените откако ги виделе. Како што јавува Телевизија24, се работи за четворица ученици од Основното Училиште  „Коле Канински“ од Битола кои се самоповредиле така што си ги исекле вените.

 

Директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, Зоран Мирчевски го потврдил случајот за телевизијата, истакнувајќи дека се случил надвор од училиштето, а за настаните се известени и МВР и родителите.

 

При контрола на полицијата, кај еден основец пронајден е нож во истото училиште.

 

Инаку, за играта „Момо” се упатуваа апели со месеци. Измислениот и грозно направен лик Момо им се заканува на децата дека мора да го додадат на Whats App или ќе ги убие додека спијат.

 

Многу мајки низ светот пријавуваа периодов дека на многу детски видеа на YouTube и YouTube Kids се појавува ликот Момо. Видеата започнуваат нормално и не изгледаат сомнително, а ова се појавува по кратко време среде видео. Се појавува во Peppa Pig, Lol doll, видеа од Fortnite и други.

 

Приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи, за која се смета дека е инспирирана од хорор куклата на јапанскиот уметник Мидори Хајаши, кој формално нема никаква врска со играта. Децата откако ќе контактираат со Момо, добиваат серија предизвици, а дел се самоповредуваат, но постои и опасност од самоубиство.

 

Бизарната онлајн игра е пријавена во Аргентина, во Мексико, во САД, во земјите на Јужна Америка, во Франција и во Германија, а се проширува и во другите европски држави, сега за жал и во Македонија.

 

Исто така, и играта „Синиот Кит” се рашири кај малолетниците низ светот, а според медиумските извештаи се работи за период од 50-на дена играње, кога пред децата се поставуваат најразлични задачи, на почетокот помалку опасни, како што е на пример гледањето на хорор филмови, за потоа да биде побарано самоповредување со втиснување на син кит на рацете, а сето тоа завршува со повик на извршување на самоубиство.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи