ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Николовски, Заев и Пендаровски ги понижуваат тутунарите

Субвенциите за тутун се исплатени, но Николовски, Заев и Пендаровски чекаа на 4 дена од денот на изборите да ги исплатат субвенциите за тутун. По кој знае кој пат Николовски, Заев и Пендаровски ги понижуваат земјоделците, ги понижуваат тутунарите мислејќи дека со исплатата на субвенциите ќе ги купат гласовите на тутунарите, изјавија на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Министерот за земјоделие пристигнал од своето патување во Дубаи, подновен со новите патики и вчера на својот Фејсбук профил се пофали дека им пуштил субвенции на тутунарите.

 

Добро е тоа што субвенциите за тутун се исплатени, но е лошо што Николовски, Заев и Пендаровски чекаа на 4 дена од денот на изборите да ги исплатат субвенциите за тутун.

 

По кој знае кој пат овие тројца луѓе ги понижуваат земјоделците, ги понижуваат тутунарите мислејќи дека со исплатата на субвенциите ќе ги купат гласовите на тутунарите.

 

Со парите кои државата мора да ги исплати, затоа што по закон им следуваат на тутунарите, пари кои им се заработени со пот!

 

И Николовски и Заев и Пендаровски треба да знаат дека прилепчани најдобро од сите знаат со каква мака се спечалени парите од одгледување на тутун.

 

Најлошо е кога власта си го потценува својот народ, кога власта го потценува и понижува земјоделецот!

 

Но, тутунарите, земјоделците, прилепчани, ќе се изборат за правда! Правда ќе има, а тоа ќе го разберат тројцата погоре споменати од СДС уште во недела, кога прилепчани ќе го дадат својот глас за број 2 на гласачкото ливче, за Гордата Силјановска Давкова, за правда во Македонија!“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien