Индиец си го отсекол прстот со кој гласал за погрешна партија

Индиецот Паван Кумар си го отсекол показалецот, откако дознал дека со него на парламентарните избори гласал за „погрешната” политичка опција – владејачката Индиска народна партија (БЈП).

 

Веста за тој чин сé повеќе се шири на интернет. Тој нагласува дека „го збуниле многуте партиски симболи“.

 

„Сакав да гласам за слонот (како симбол), но по грешка гласав за лотусот“, објаснува Кумар.

 

Слонот е симбол на левичарската опозициска Партијата на мнозинскиот народ (БСП), додека лотусот е симболот на владејачката Индиска народна партија (БЈП).

 

Партиските симболи се од огромно значење за изборите во Индија, каде што писменоста е на многу ниско ниво. По гласањето, службениците го означуваат показалецот на гласачите со долготрајно мастило.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien