ВИДЕО – Ристески : Македонија се буди, народот не се плаши повеќе од хунтата, вчера беа поразени криминалот, антидржавните политики и непотизмот

Македонија се буди! Македонија е жива! Вчера сите заедно покажавме дека доаѓа падот на оваа ненародна, неспособна, криминална власт, кој во само 2 години успеа да ја опустоши и да ја клекне државата на колена! Изјави на денешната прес конференција претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Благодарност до Прилеп и прилепчани, кои храбро, достоинствено и гордо, го дадоа својот глас за професорката Гордана Сиљановска Давкова и ја донесоа победата во нашиот град.

 

Народот вчера докажа дека не и се плаши повеќе на оваа хунта и докажа дека преку сеење страв со уцени и закани, не се одржува власт на долг рок. Народот му кажа едно огромно НЕ на Зоран Заев и неговиот кандидат Стево Пендаровски.

 

Народот кажа не за новото име на Република Македонија, не за смена на идентитетот, не за новата историја, народот кажа не за двојазичен Прилеп и Македонија. Се случува една нова реалност.

 

Полека но сигурно се расчистува со сите истрошени политичари од време на транзицијата.

 

Вчера беа поразени криминалот, антидржавните политики и непотизмот, трите работи во кои СДС и коалицијата се покажаа како најдобри. Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата, заедно победија над 30-тина партии кои одлучија да му слугуваат на Зоран Заев. Почитувани,

 

За да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат, потребно е обединување како никогаш претходно во вториот круг. Македонија заслужува претседател кој ќе биде почитувач на уставот, законите, кој ќе донесе правда во нашата држава. Затоа сите заедно, сплотени, храбро, без страв како вчера, уште помасновно одлучуваме на 5-ти мај, одлучуваме за правда во Македонија! Професорката Гордана Сиљановска Давкова ќе биде идниот претседател, бидете сигурни во тоа!“, истакна Ристески.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи