ВИДЕО – Талевски : Стево Пендаровски е победник во првиот изборен круг, продолжуваме заедно напред

На слободни, фер и демократски избори, победник во првиот изборен круг на претседателските избори е Стево Пендаровски. Граѓаните на Прилеп гласаа мирно и достоинствено. Им благодариме на сите граѓани кои го избраа Стево Пендаровски, но и на сите кои излегоа и изразија став на овие мирни и демократски избори. Истакна на денешната прес конференција претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талевски.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Во вториот круг, очекуваме граѓаните уште посилно да го поддржат напредокот. Шансата за подобар живот е во чекорењето напред, затоа е потребно што повеќе граѓани да се приклучат кон победата.

 

Во вториот круг очекуваме конечна одлука на граѓаните со која ќе го поддржат патот по кој заедно тргнавме сите ние и нашата земја. Ги повикуваме сите граѓани да го потврдат својот глас во вториот круг, да ставиме заеднички печат на европската иднина. Го цениме и го почитуваме ставот и на сите граѓани кои се двоумеа и не излегоа да гласаат и се обраќаме и до нив.

 

Имаме заедничка шанса на 5-ти мај да го продолжиме растот на економијата. Рекордниот број од 625 милиони евра странски инвестиции во 2018 година, да го зголемиме во оваа 2019 година, а стапката на невработеност да продолжи да се намалува.

 

Пред се’ на 5-ти мај, имаме шанса да избереме Претседател кој ќе помогне да обезбедиме подобри и европски услови за живот и работа на младите тука во нашата земја.

 

Да не ја прокоцкаме таа шанса, затоа што од вас и вашиот избор на 5-ти мај зависи иднината на земјата и на нашите деца. Од вас зависи дали земјата ќе продолжи напред кон интеграција во европските семејства – НАТО и ЕУ, или повторно враќање кон изолацијата и темното минато на Груевски.

 

Почитувани граѓани на херојски Прилеп, на 5-ти мај да излеземе уште помасовно. Да избереме иднина и победа за нашата земја“, истакна Талевски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи