Одбележување 8 години Спомен куќа на Тодор Проески

Музејот Спомен куќа на Тодор Проески на Гумење во Крушево денеска одбележува осум години од отворањето. По тој повод во Спомен куќата на Гумење ќе се одржи музичка работилница на која ќе учествуваат реномирани и талентирани музичари и композитори.

 

Свои композиции ќе изведуваат музичарите Славчо Спироски Слав – композитор изведувач, Владимир Јовановски – виолинист, како и музичарот Ванчо Петров.

 

Според директорот на Спомен куќата, Елена Мирчевска, музејот кој е отворен на 25 април 2011 година досега го посетиле 650.000 гости, од кои 30 отсто од странство, посебно од балканските и европските земји.

 

„Во Спомен куќата на една од најголемите Балкански музички ѕвезди Тоше Проески се изложени околу 350 експонати, негови автентични предмети. Поставките се менуваат на денот на роденденот на Тоше и на денот на трагичниот настан, 16 октомври. Ова се дел од годишните активности на Музејот за негова промоција и популаризација, пред се, за раскажувањето на приказната за битисувањето на еден човек кој има само датум на раѓање“, вели Мирчевска, нагласувајќи дека за годишнината на музејот е изработена специјална плексиглас рамка со алуминиумски светлечки лајсни.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи