Крај на една ера во Јапонија – императорот Акихито се повлече од престолот

Осумдесет и петгодишниот Акихито е првиот јапонски монарх во последните два века кој се повлекува од престолот. Тој е воедно беше и првиот цар кој го презема Престолот на хризантемите под новиот устав, донесен по Втората светска војна којашто ја загуби неговиот татко царот Хирохито, а кој го дефинира царот како симбол на народот без политичка моќ, a не како дотогаш кога императорот се доживувал како живо божество.

 

Во своето последно обраќање, јапонскиот цар Акихито во вторникот на формалната свеченост на абдикацијата му се заблагодари на јапонскиот народ на поддршката и изрази надеж за мирна иднина.

 

„На луѓето кои ме прифатија и поддржуваа како симбол, им изразувам голема благодарност… Заедно со царицата, се надевам од длабочината на своето срце дека новата ера Реива, којашто започнува утре, ќе биде мирна и плодна, и се молиме за мир и среќа на нашата земја и за сите луѓе го светот“, порача Акихито облечен во западен костум на кусата церемонија на абдикацијата во Царската палата, во салата „Матсу но ма“ или „Собата на боровите“.

 

Околу 300 луѓе присуствувале на церемонијата која беше пренесувана преку телевизијата. На церемонијата уште присуствуваа јапонскиот премиер Шинзо Абе, принцот Нарухито и пренцезата Масако, како и челнициет на двата дома на парламентот и судиите на врховниот суд.

 

Синот на Акихито, 59-годишниот принц Нарухито ќе го преземе престолот на церемонијата на 1-ви мај во среда.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien