ВИДЕО – Стерјовска : За скандалот со пивката вода во вештачкото езеро очекуваме реакција и од обвинителството, другата казна следува на 5-ти мај

Почитувани 23.000 домаќинства во Прилеп кои редовно ги подмирувате сметките за вода иако 60% повисоки благодарение на Градоначалникот и оваа неспособна локална власт! Да ве потсетиме, иако тоа денес не тема на овој прес: ВИЕ верувавте, а дел и гласавте за 20% пониски сметки за вода, напротив како и многу други лаги, добивте тоа што ни на крај памет не верувавте. Истакна на денешната прес конференција, Ирена Стерјоска Локвенец, претседател на Унија на жени на ОК на ВМРО-ДПМЕН Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„ВМРО-ДПМНЕ подолг период алармира, дека оваа власт го испусти и го пресуши прилепското вештачко езеро. Со тоа, ја исуши и иднината на 10.000 семејства кои се занимаваат со земјоделие во регионов. Се што допреа уништија, затоа да не ве чудат овие хорор слики од сегашната состојба на езерото.

Апелиравме со најдобра намера, во периодот кога се можеше, да се спречи ова и да се спаси и езерото и земјоделците.

 

Денес е касно, а покрај тоа штетите од незнаењето, а можеби и желбата за криминал ги плаќате вие 23.000 семејства директно од вашите џебови.

 

Имено, прашуваме: „Дали е точно дека деновиве вештачкото езеро се полни со пивка вода од Студенчица, онаа вода која е 60% поскапена и за која во светот се водат војни?

 

Дали некој направил пресметка колку пари за колку кубици вода ќе легнат на контото на Студенчица, и од вашите прилепски џебови за нови партиски вработувања?

 

Дали некој ќе одговара за овој скандал?

 

Ова е втор пат некој да се богати на ваш грб! Првиот пат, вие ги платитле долговите на Тетово,Куманово,Струга,Охрид… на кои оваа неспособна Влада им исплати 50% од долговите што Вие не сте ги направиле. Вие плајќајте за други да купуваат Пасати од 70.000 евра, фотељи од телешка кожа, лубриканти за 1,5 милиони евра, а Прилеп, Прилеп нека се распаѓа!!

 

Затоа до 5-ти мај сетете се, што се уништија овие од ЗЛОСТОРНИЧКОТО ЗДРУЖУВАЊЕ во Прилеп и имате можност да ги казните зад Параванот.

 

А за скандалот со пивката вода во вештачкото езеро и за злосторничкото здржување, очекуваме конечно реакција и од обвинителството“, истакна Стерјоска.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи