Најмладиот сериски убиец во светот имал 8 години – неговите жртви биле бебиња

Осумгодишниот Амардип Сада од Индија е најмладиот сериски убиец во светот, чии злосторства биле како од хорор филм. Неговите жртви биле бебиња од локалните села, а меѓу нив и неговата осуммесечната сестра.

 

Не е јасно зошто Сада ги вршел злосторствата и зошто баш бебиња биле неговите жртви, но се претпоставува дека му биле лесни мети, бидејќи биле мали и не можеле да се бранат.

 

Убиствата ги направил година дена пред да биде фатен од страна на полицијата. Додека го испитувала полицијата, се чинело оти Сада не ги сфаќа обвиненијата сериозно. Кога го прашале зошто убил три бебиња, тој побарал бисквита. Кога се обидувале да го распрашаат, тој со насмевка зборувал за тоа што се случило, без да сфати дека неговите дела се погрешни и лоши. Дури им помогнал да го најдат едно од телата.

 

„Спиеше во училиште. Ја однесов малку подалеку, ја убив со камен, па ја закопав“, им кажал за убиството на последната жртва.

 

Сада е роден 1998 година во Индија. Во 2006 го убил шестмесечниот роднина, а набрзо и сопствената сестра. Потоа ја убил шестмесечната ќерка на соседите. Никој не го пријавил, а тешко било да се разбере зошто неговото семејство криело оти тој е виновен за убиствата.

 

Најстрога казна која Сада можел да ја добие, била три години во поправен дом. Ништо од судењето не е јавно објавено, а некои се сомневаат дека осумгодишникот добил три години во психијатриска установа.

 

Сада ги контактирал медиумите во 2015 година и ги известил дека се наоѓа во дом за млади додека да наполни 18 години. На својот роденден во 2016 година требало да излезе на слобода.

 

Наводно, подоцна тој го променил името во Самарџит.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи