ВИДЕО – „Притисни старт“ – најнова претстава на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“

Во киното Мис Стон синоќа училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ ја прикажа својата најнова премиера, претставата „Притисни старт“, која е завршна претстава на малата 2 група. Оваа претстава е мјузикл, во кој се зборува како карактерите од старите видео игри, оние 8 битните, кои остануваат без животи бидејќи никој не игра со нив.

 

 

„За да се спасат карактерите решаваат да организираат еден хуманитарен мјузикл со кој што ќе соберат повеќе прстении за да играат. Веќе 8 месеци ја подготвуваме оваа претстава, таа е мјузикл и запознавање  на децата со една нова форма на театар кој ги комбинира пеењето, танцот и актерската игра. Некаде во јуни ќе ги подготвуваме завршните претстави на поголемите групи. Втората група ќе јз изведе претставата „Вања, Соња, Маша и Спајк“, третата група треба да излезе со „Крајот на светот каков што го знаеме“, а првата група подготвува една доста интересна форма на театар, импровизаторски театар, каде секоја изведба е различна и што ќе биде доста интересно за публиката“, кажа Саша Нацевски, училиште за театар „Чин 4 Сцена 5“.

 

На 13 мај „Чин 4 Сцена 5“ гостува на интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола, со монодрамата „Женска утопија“, во режија, адаптација и изведба на Димитрина Мицкоска.

 

ЦЕЛА ПРЕТСТАВА „ПРИТИСНИ СТАРТ“ :

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien