7 мај – Ден на македонската полиција

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за внатрешни работи денеска го одбележува 7 мај – Денот на Македонската полиција.

 

Централната свеченост се одржа во кругот на министерството, во присуство на полицискиот врв, членови на владата, претставници на дипломатскиот кор, членови на семејствата на загинатите припадници на полицијата.

 

Министерот Спасовски во обраќањето кажа дека угледот на министерството е вратен, а сите вработени чесно и одговорно да ги извршуваат своите работни задачи. Најави уште поголеми резултати во следниот период.

 

„Пред две години мојата цел како министер беше да го вратам угледот на Министерството и да им овозможам на вработените чесно и одговорно да ги извршуваат своите работни задачи. Изминативе две години како министер во Владата на Република Северна Македонија се залагав за решавање на сите наталожени проблеми со кои вие се соочувавте во годините претходно. Заедно со вас успеавме дел од нив веќе и да ги надминеме и со тоа отвараме нови можности за постигнување уште поголеми резултати во периодот кој следи“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во видео пораката што вчера ја упати до сите припадници на МВР.

 

Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 Мај е востановен како Ден на македонската полиција, наместо дотогашниот 13 мај.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи