ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Јованоски ги заборави Ромите во Прилеп на Ѓурѓовден – СДСМ на нив мисли само пред избори

Не поминаа ниту 24 часа од вториот круг претседателски избори, а веќе го видовме лицемерието на СДСМ. Градоначалникот Илија Јованоски, кој кога сака е секуларен, а кога сака е религиозен, покажа дека Ромите во Прилеп за него и СДСМ се само гласачка машинерија и ги почитуваат само пред избори, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на денешната прес конференција.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Не поминаа ниту 24 часа од вториот круг претседателски избори, а веќе го видовме лицемерието на СДСМ. Градоначалникот Илија Јованоски, кој кога сака е секуларен, а кога сака е религиозен, покажа дека Ромите во Прилеп за него и СДСМ се само гласачка машинерија и ги почитуваат само пред избори.

 

Зошто Јованоски не најде време и не ги посети своите сограѓани Роми во населбата Тризла и излетничките места на Ѓурѓовден, празник кој кај граѓаните од ромската популација се празнува како еден од најголемите денови во годината.

 

Сепак кај СДСМ, Ромите и нивните обичаи и традиција се вреднуваат само тогаш кога од нив се бара да се гласа. Зошто во овие 19 месеци откако е превземена локалната власт од страна на СДСМ не е реализиран ниту еден од ветените проекти кои беа во ромската населба?

 

Спротивно на тоа, во периодот пред претседателските избори, во изборниот молк се забележуваше механизација за најразлични активности во Тризла.

 

Покрај тоа, набљудувачите алармираа дека во населбата Тризла, за време на изборниот процес е вршен масовен поткуп на гласачи, за што беше известена полицијата и претставници на ОБСЕ.

 

Вакво деградирање на граѓани и поигрување со судбини досега во Прилеп не е видено. Наместо живот и едно општество за сите како што велеа, СДСМ донесоа поделби и понижувања.

 

Почитувани сограѓани, ова владеење мора да запре, мора да се стави крај. Резултатот во неделата кога СДСМ загуби со 1.600 гласови разлика во Прилеп е доказ дека граѓаните бараат промени.

 

ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува на сите оние сограѓани од ромската популација кои се одважиија и не подлегнаа на притисоците, додека на сите останати им порачуваме: нема од што да се плашите. Ги повикуваме да се придружат во борбата против оваа ненародна власт, се до конечна победа на правото и правдата во Македонија“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи