Општина Прилеп : ВМРО-ДПМНЕ 12 години манипулираше со Ромите од Прилеп и ништо не направи за нив

Општина Прилеп демонстрира отворено, недвосмислено и посветено почит кон сите граѓани на Прилеп, без оглед на нивната верска, национална и религиозна припадност. Во тие рамки, со посебен пиетет се чествува Светскиот ден на Ромите, 8-ми април. Се вели во писмената реакција на Општина Прилеп, која доаѓа по прес конференцијата на Ок на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Писмената реакција ја пренесуваме во целост.

 

„Годинава со низа активности се чествуваше овој празник, а пред Општина Прилеп беше подигнато на јарбол и знамето на ромската заедница. Во агендата на Општина Прилеп, уште од денот на доаѓање на новата локална власт, меѓу приоритетите е подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните од населбата „Тризла“ и „Три багреми“.

 

Се тампонираат, асфалтираат улици, се подобрува електро-напојувањето, се ставија контејнери за собирање отпад, се отстрануваат дефектите во водоводната мрежа, се реализираат решенија за обезбедување квалитетна, чиста вода за пиење, обезбеден е бесплатен превоз за учениците…

 

Со една реченица, оваа локална власт реализира практични решенија, кои што претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ не ги спроведе 12 години, период во кој што со паради и непочит манипулираше со граѓаните од населбата „Тризла“, „Три багреми“, токму на празникот„Ѓурѓовден“.

 

И „Ѓурѓовден“ е празник на сите граѓани на Прилеп, слава, именден на илјадници семејства. Градоначалникот Илија Јованоски како почитувач на традицијата, на многу семејства лично им го честиташе празникот! Прилеп е град на чествувања слави, имендени, верски празници, а градоначалникот Јованоски со семејството чествува своја семејна слава.

 

Според тоа, додека ОК на ВМРО-ДПМНЕ –Прилеп, проектите за овие градски населби ги стави ад акта со години, локалната власт работи на реализација на конкретни проекти, наоѓање долгорочни решенија за потребите на граѓаните од ромската заедница и на сите граѓани на Прилеп“, велат од Општина Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи