На Денот на победата над фашизмот Русија ја претстави воената моќ

На Црвениот плоштад во Москва се одржа воената парада по повод Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, на која што Русија ја претстави својата воена моќ.

 

Рускиот претседател Владимир Путин го честиташе денот на победата, како што рече денот на нивната гордост, тага и безгранична благодарност за заштитниците на татковината кои го растуриле нацизмот.

 

„Тие војуваа, поминаа надчовечки искушенија и стоеја на страшното место на борбата кога требаше. Дадоа се што е потребно и ја добија таа победа“, порача Путин на почетокот на традиционалната воена парада , која секоја година се одржува на „Црвениот плоштад“ во Москва.

 

Во воената парада на Црвениот плоштад во Москва учествуваа повеќе од 13 000 војници, 74 авиони и хеликоптери и 132 единици на техника.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien