ВИДЕО-ВМРО-ДПМНЕ : 20 месеци прилепчани чекаат Јованоски да ги засука ракавите и да започне со работа, но ништо од тоа

Изминаа 20 месеци откако актуелниот градоначалник Илија Јованоски и СДСМ ја презедоа локалната власт во Прилеп. Толку време помина откако граѓаните ги слушаа мегаломанските ветувања кои за жал се покажа дека се само големи лаги. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Цели 20 месеци, граѓаните очекуваат Јованоски да ги засука ракавите и да започне со работа. Овде на ова место, во основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане”, Јованоски вети изградба на нова спортска сала, која како и сите други ветувања остана само празен збор на хартија.

 

Јованоски вети изградба и на ново училиште, а веќе изграденото во населбата Сточен пазар го оставија да гние и не го пуштаат во употреба.

 

Градоначалникот вети и изградба на две нови градинки, на спортско рекреативен центар со затворен базен, вети општина која ќе се грижи за младите и идните генерации, а реалноста е дека овие луѓе сеуште не се ни свесни дека се на власт и дека треба да ги испочитуваат оние кои ги избрале.

 

За спортската сала во ова училиште, исто како и за новите градинки и новото улилиште, кои ги вети градоначалникот, нема изградено ниту темел, нема ниту проект, а веројатно ниту некогаш ќе бидат изградени од нив.

 

Единствените инвестиции во образованието кои ќе сведочат дека Илија Јованоски и СДСМ некогаш ја воделе општина Прилеп, ќе останат само фотографиите од приредбите за патронати и положување на цвеќиња.

 

Овие луѓе се силни само на збор, нивните лаги испливаа на површина, а тоа беше и причина за големиот пораз кој СДСМ го доживеа на претседателските избори во Прилеп.

 

Додека Јованоски, Талески и останатите функционери на СДСМ да се свестат, ќе дојат и парламентарни и локални избори, а таму со вакво неработење и ароганција, граѓаните буквално ќе ги збришат.

 

Ваква неспособна локална власт Прилеп и прилепчани не заслужуваат, па токму затоа ако премиерот Заев се мисли од каде да започне да мети, слободно му препорачуваме тоа да биде Прилеп“, истакна Петкоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien