ВИДЕО – Тимоние од Прилеп : За да добиете датум за преговори со ЕУ најважи се реформите во судството и правната држава

Јас не сум астролог да предвидам кога Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ, но повеќе од јасно е дека претходно треба да се исполнат одредени реформи, а најважни се оние во судството. Ова денеска во Припеп го истакна амабасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние на своето предавање на Економскиот факултет насловено како „Европската Унија во пресрет на изборите – предизвици и надежи, француско гледиште“.

 

 

„Еден од условите е да се завршат започнатите работи, односно да се заврши спроведувањето на агендата 3-6-9, потоа на агендата 18, кои претставуваат извонредни работни инструменти и ќе го чекаме извештајот на Европската Комисија за да кон крајот на месец мај направиме проценка на сите оние работи кои што требаше да се спроведат дали се спроведени, особено во областа на судството и правната држава“,истакна Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во Македонија.

 

Тимоние истакна дека неможе да каже кои ќе бидат идните приоритети на ЕУ, се додека не се знаело каква рамнотежа ќе се воспостави внатре во Унијата по изборите.

 

„Се разбира дека изборите ќе имаат влијание и тоа во повеќе аспекти. Затоа што генерално ЕУ, а вклучително и Франција се повеќе се интересираат за земјите од Западен Балкан. Меѓутоа ќе треба поефикасно да ги здружиме напорите за да можат сите земји од Западен Балкан, тука вклучително и Северна Македонија што повеќе да се приближат до ЕУ“, изјави Тимоние.  

 

 

Инаку ставот на ЕУ по многу прашањa, па и во однос на проширувањето ќе се знае по месец мај. Големи очекувања од нив има и Македонија.

 

„Оваа одлука практично ќе го трасира патот на идното дејствување Унијата во многу области, од аспект на миграција, безбедност, до аспектите на бизнис, работни места, климатски промени итн.“, истакна Оливера Костоска, Универзитетски професор.

 

Европските избори ќе се одржат од 23 до 26 мај.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien