Русија и САД денес ќе одлучат за судбината на Венецуела

Иднината на венецуелскиот претседател Николас Мадуро ќе биде одредена од страна на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот државен секретар Мајк Помпео, кои денеска ќе се сретнат во Русија за да дискутираат за судбината на Венецуела, пренесува британски „Телеграф“.

 

Помпео во неговата прва посета на Русија како секретар на САД, патува во Сочи со сознанието дека Путин нема да го поддржи Мадуро, според британскиот весник.

 

До неодамна Русија гледаше на Венецуела како на бесценет геополитички дијамант со богати ресурси, лоциран на важна крстосница, односно како држава за која вреди да се бори.

 

Но, се верува дека Путин го известил американскиот претседател Доналд Трамп во долг телефонски разговор на 3 мај, дека е подготвен да преговара за заминување на заминувањето на Мадуро.

 

„Основна цел на повикот беше да се помогне на народот во Венецуела“, изјавила Сара Хакаби Сандерс, порпаролката на Белата куќа.

 

„Путин нема интерес да се меша во Венецуела, тој само сака да се случи нешто добро за државата. И јас го делам истиот став. Сакаме да обезбедиме хуманитарна помош. Во моментов луѓето велат дека гладуваат. Немаат храна и вода“, изјавил Трамп.

 

Венецуелската опозиција предводена од Хуан Гваидо организираше неуспешен пуч на 30 април, во обидот да го симне Мадуро од власт.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien